Евертон го отпушти Куман

Од:

Управата на Евертон по убедливиот пораз вчера на домашен терен од Арсенал (2:5) реши да го отпушти менаџерот Роналд Куман. Популарните „карамели“ се наоѓаат на делба од 15-18 место на табелата со осум бодови по девет одиграни кола.

Куман на клупата на Евертон дојде пред 16 месеци и ланската сезона ја заврши на седмото место. Тој е третиот сменет менаџер сезонава во Премиер лигата по сонародникот Франк де Бур (Кристал Палас) и Крег Шекспир (Лестер).

Како можни наследници се споменуваат екс менаџерот на Евертон Дејвид Мојс, Мануел Пелигрини, Карло Анчелоти, Еди Хоув од Бурнемут и Шон Дајч од Барнли.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска