Шпанската екипа Реал Сосиедад утре ќе биде домаќин на македонскиот првак Вардар во рамките на 4. коло од Лига Европа.
На првиот дуел на двата тима одигран во Скопје, Реал Сосиедад постигна висока победа од 6:0.
– За нас најважно е да одиграме добро. Имаме добра можност да се квалификуваме во следната фаза од Лига Европа. Потребни ни се три бодови за да одиме во нок аут фазата. Го почитуваме Вардар, затоа што овие натпревари секогаш може да донесат потешкотии. За да покажеме супериосрност треба да ги почитуваме ривалите и да не ги гледаме минатите резултати, изјави тренерот на Реал Сосиедад Еусебио Сакристан.
По триумфот во Скопје тренерот на шпанскиот тим смета дека Вардар може да биде незгоден ривал.
– Нормално е да се биде гневен по таков резултат. Бевме многу подобри на минатиот дуел, добро ги увидовме нивните предности. Имаат добра тактика и квалитет, па мора да внимаваме, заврши на пресот пред дуелот Еузебио.
Натпреварот Реал Сосиедад – Вардар се игра утре од 21:05 часот. Вториот дуел од групата Л, Розенборг и Зенит го играат во истиот термин.
На табелата прв е Зенит со 9 бодови, пред Реал Сосиедад со 6, Розенборг има 3, а Вардар е без бод.