ЕУРО 2017 У-21: Милевски ветува голема борба на неговите избраници

Од:

Македонскиот селектор Благоја Милевски верува дека младите македонски фудбалери ќе се прикажат во одлично светло и дека ќе пружат голема борба, дисциплина и посветеност на натпреварите од Европското првенство за играчи до 21 година.

– Среќни сме што сме тука. Дојдовме на Европското првенство во Полска и ќе уживаме во моментот. Македонија е една од најдобрите 12 во Европа и ќе се обидеме да бидеме на исто ниво од квалификациските натпревари, изјави Милевски на првата официјална прес-конференцијата на Македонија на шампионатот.

Тој уште еднаш ја нагласи големата мотивација и желба кај секој играч, но и тимот во целина.

– Играчите се повеќе од мотивирани и тоа најмногу ме радува. Желни се да го демонстрираат својот квалитет, и тоа е најважно во овој момент, потенцира Милевски на прес-конференцијата пред утрешниот деби меч на Македонија, која за противник ќе ја има силната шпанска репрезентација.

Натпреварот Македонија – Шпанија ќе се игра во терминот од 20:45 часот, а претходно од 18 часот во првиот меч од Б групата ќе играат Србија и Португалија.

Би можело да ве интересира

Горан Милевски ќе поднесе оставка од министерската функција

Петар Клинчарски

Милевски: Кој може Сонцето од Вергина да забрани приватно да се користи

А1он

Милевски: Судот треба да одреди мерки притвор на сите обвинети од СЈО

Наум Локоски

Меѓународни организации во кои членува ЛДП реагираа на нападот врз пратеникот Милевски

Наум Локоски

(ВИДЕО) Милевски: Нападот е поради законот за јазиците и да нè елиминираат некој друг ќе ја спроведе оваа политика

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Германија е нов европски шампион

Наум Локоски