Естонија го премести мечот со Чешка на натурален терен поради коронавирус

Од:

Фудбалската репрезентација на Естонија ја откажа организацијата на натпреварот од мундијалските квалификации против Чешка на домашен терен поради рестрикциите поврзани со Ковид-19 и го закажа мечот на неутрален терен во Полска.

Фудбалската федерација на Чешка соопшти дека натпреварот што требаше да се игра в среда во Талин е преместен во полскиот град Лубин.

Чешките фудбалери кои играат во Бундеслигата, Јиржи Павленка, Партик Шик, Владимир Дарида и Павел Кадаребак ќе ги пропуштат следните два квалификациски натпревари, против Белгија на 27 март во Прага и против Велс три дена подоцна во Кардиф, откако нивните клубови побараа играчите по мечот во Полска да се вратат во Германија за веднаш да го почнат задолжителниот двонеделен карантин.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он