Одбојкарската федерација на Македонија, ОФМ, ја доби довербата на ЦЕВ првпат да организира едно континентално натпреварување, во случајов Европско првенство за одбојкарки до 19 години.
Овој настан треба да се одржи од 15 август до 15 септември 2022 година. Ќе играат 12 репрезентации, поделени во две групи. Ова е шанса за почеток на процесот на формирање женски национален тим во оваа возрасна категорија, па со масовност да се дојде до квалитет.
ОФМ доби и писмена гаранција од македонската Влада како основен предуслов за да се аплицира, а конкурираше и за домаќин на група на еден многу поголем настан, Европското првенство за мажи во 2023 година.