Емре Џан: Сари никогаш не ми даде шанса

Од:

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Џан, се пожали дека главниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, не му верува. Фудбалерот од средниот ред се пресели во Борусија од Јувентус во јануари.

– Сари никогаш не ми даде шанса, па имав некои навистина тешки моменти. Бев важен дел од тимот една година порано, го освоивме италијанскиот шампионат, одигравме добро во ЛШ. Но, во секој случај, Јувентус ќе остане прекрасно поглавје во мојата кариера, изјави Џан.

Тој во Јувентус дојде во 2018 година од Ливерпул. Одигра 45 натпревари за тимот од Торино, постигна четири гола и направи една асистенција.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска