Менаџерот на Арсенал Унаи Емери не беше среќен откако „топџиите“ загубија со 1:3 од Рен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа.
Тренерот изјави дека по црвениот картон на Сократис Папастатопулос, неговиот тим тешко можел да го контролира развојот на натпреварот.
Сепак, тој останува оптимист дека „топџиите“ можат да направат пресврт.
– Ние го контролиравме развојот на натпреварот во првите 40 минути и постигнавме гол, што беше наша прва цел. По црвениот картон, сепак, ја изгубивме контролата. Кога губевме со 1:2 беше тешко да се бара подобар резултат. Се надевавме дека мечот е завршен, но добивме трет удар. Рен ги освои првите 90 минути од судирот, но има уште 90 минути,во кои ќе бидеме 11 во 11, рече Емери по синоќешниот меч.