Германскиот селектор, Јоаким Лев, не му било дозволено да присуствува на тренингот на Арсенал по наредба на Унаи Емери. Германскиот стратег бил спречен да стигне до Месут Озил, со кого сакал да разговара по неговото решение да се откаже од националниот дрес.
Јоахим Лев и Оливер Бироф присуствуваа на доделувањето на наградите на ФИФА за најдобар играч во 2018 година. Церемонијата се одржа во Лондон и тренерот на Германија сакалда го искористи овој момент за да го види својот веќе поранешен играч во Бундес-тимот.
Лев и Бироф се обиделе да договорат средба со Месут Озил, но од Арсенал ја отфрлиле можноста да ги пуштат на тренингот на „топџиите“.
Од Арсенал им споделиле на двајцата дека не се добредојдени на базата на тимот од Лондон, а инструкциите биле дадени директно од Унаи Емери.
Дваесет и девет-годишниот играч на Арсенал објави дека се повлекува од тимот во јули, откако беше преплавен со критики поради слабата игра и средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Играчот се фотографираше со шефот на државата во предвечерието на Светското првенство и изборите во Турција.
– Сакавме да поразговараме со Месут, но очигледно треба да го прифатиме фактот дека тој нема желба да контактира со нас. На неколку пати му ѕвонев и му испраќав пораки, но тој се уште не одговорил, рече Бироф пред „Билд“.
Неодамна Јоаким Лев беше во посета на тренинг базата на Арсенал, откако таму разговарал со Бернд Лено и Шкодран Мустафи, како и со поранешниот германски репрезентативец, Пер Мертецакер, но така и не успеал да си размени барем неколку зборови со Озил, пријави уште германското издание.