Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери остана задоволен од успехот со 3:0 над БАТЕ (Борисов) во реваншот од шеснаесетфиналето во Лига Европа.
„Топџиите“ беа поразени со 0:1 на првата средба и немаа право на нова грешка, но според тренерот, неговите играчи го исполниле идеално планот за натпреварот.
– Моравме да бидеме претпазливи, бидејќи го ќе го вратеше противникот во натпреварот. Ни требаа барем два-три гола, за да бидеме спокојни. Играчите го исполнија планот како што треба и испратија многу топки во шеснаесетникот. Ја покажавме и потребната ефикасност во нападот што ни недостасува при гостувањата, изјави Емери веднаш по мечот.
Шпанецот, исто така, ја коментираше ситуацијата со Месут Озил, кој се врати во почетниот тим.
– Денес тој покажа што може. Ако е достапен, тој ќе игра во многу натпревари. Понекогаш ќе ни треба во стартниот тим, а друг пат на клупата, бидејќи имаме доста играчи. Тој беше расположен, а освен тоа покажа класа и капацитет да комбинира добро со своите соиграчи. Сметам дека имаме потреба од секој играч и денес Месут покажа дека е важен за нас, додаде тренерот.