Емери: Бевме уморни, но се изборивме за пенали

Од:

Финалето на Лига Европа беше решено по изведувањето на пеналите откако претходно Севиља и Бенфика одиграа 0:0. Шпанскиот тим со 4:2 на пенали стигна до третиот евротрофеј по оние во 2006 и 2007 година.

Во пенал серијата на „Јувентус Арена“ во Торино играчите на Севиља ги реализираа сите четири удари од белата точка.

– Бенфика е одличен тим и заслужи да игра во финалето. Кон крајот на продолжението моите играчи беа уморни, но се изборивме за пеналите. Голем број луѓе имаат придонес во овој триумф, изјави тренерот на Севиља Унај Емери.

Севиља на патот до освојувањето на пехарот одигра вкупно 19 натпревари, а натпреварувањето во Лига Европа го почна во 3-тото квалификациско коло.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска