Дуелот на двата македонски репрезентативци во 2. коло од Серија А, му припадна на Елиф Елмас. Неговиот тим Наполи му нанесе дебакл на тимот на Џенова за која настапи Горан Пандев.
Наполи победи со 6:0, Елмас го постигна петтиот гол за домаќините.
Наполи е прв на табелата со две победи, Џенова на средината со една победа и еден пораз.