Португалката Елена Коста ќе биде првата жена тренер на професионален фудбалски клуб во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
Триесет и шестгодишната Коста ќе го тренира фудбалскиот клуб „Клермон Феран“, кој настапува во втората лига на Франција.
Нејзиното назначување за тренер на една професионална машка екипа, додаѓа само три месеци по назначувањето на романката Елена Гропосила за тренер на машката ракометна екипа на „Дижон“.
Елена Коста била обучувана во „Бенфика“, а ја водела женската екипа на „Одивелас“, потоа селекциите на Катар и Иран, а била и соработничка на „Селтик“ при изборот на нови фудбалери.