Елбер: Левандовски не е играч за Баерн

Од:

Легендарниот фудбалер на Баерн, Џовани Елбер изјави дека напаѓач на Борусија Дортумд, Роберт Левандовски не е играч кој му е потребен на минхенскиот клуб.

„На Баерн не му е потребен Левандовски. Тој не е подобар од Марио Гомез и Марио Манџукиќ. Да се прашувам ја би го задржал споменатиот тандем во клубот. Сепак работите во денешниот фудбал се менуваат многу брзо“- изјави Елбер.

Последните недели во јавноста се појавија шпекулации дека Левандовски на крајот од сезоната ќе премине во Баерн.

Тој додаде дека не гледа причина Гомез да размислува за заминување од Баерн на лето.

„Не верувам дека Марио размислува за трансфер. Напротив верувам дека ќе се бори за враќање во стартниот тим. Доста долго игра во Бундеслигата и знае како работите функционираат. Наскоро повторно ќе почне редовно да ги тресе мрежите“- додаде Елбер.

Бразилецот го носеше дресот на Баерн од 1997. до 2003. година. За минхенскиот клуб одигра 190 натпревари и постигна 108 погодоци, а освои трофеј и во Лигата на шампионите, четири титули првак на Германија, три национални купови и еден Интерконтинентален куп.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска