Фудбалерот на Милан и италијански репрезентативец Стефан Ел Шарави изјави дека тој заедно со Марио Балотели се иднината на италијанскиот фудбал.
– Балотели и јас ја претставуваме младата Италија. Ние двајцата сме пресвртницата на италијанскиот фудбал. Ние сме иднината на калчото, изјави популарниот „фараон“.
Ел Шарави ја потенцира и исправноста на клубското раководство на Милан околу ангажманот на „Супер Марио“.
– Доаѓањето на Балотели не го намали мојот учинок во Милан. Напротив ние одлично соработуваме и сме опасност по противничките голови, рече Ел шарави.