Ел Шарави го одби Манчестер Сити, сака да остане во Милан

Од:

Најдобриот играч ви изминатата сезона на Милан, напаѓачот Стефан Ел Шарави не ја прифати понудата на премиерлигашот Манчестер Сити која изнесува 30 милиони фунти.

– Секако дека ми годи една ваква понуда која доаѓа од голем клуб каков што е Манчестер Сити. Сепак, јас не сакам да го напуштам Милан и одлучен сум да останам во клубот и следната сезона. Тука имам одлични односи со соиграчите и тренерот. Преку настапите во Милан добив можност да заиграм и за репрезентацијата, истакна популарниот „фараон“.

Ел Шарави одигра забележителна сезона, а неговите настапи беа причина многу европски клубови да се заинтересираат за негов ангажман, но по изјавата на младиот Италијанец, извесно е дека „росо-нерите“ ќе можат да сметаат на неговите услуги и следната сезона.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска