Најдобриот играч ви изминатата сезона на Милан, напаѓачот Стефан Ел Шарави не ја прифати понудата на премиерлигашот Манчестер Сити која изнесува 30 милиони фунти.
– Секако дека ми годи една ваква понуда која доаѓа од голем клуб каков што е Манчестер Сити. Сепак, јас не сакам да го напуштам Милан и одлучен сум да останам во клубот и следната сезона. Тука имам одлични односи со соиграчите и тренерот. Преку настапите во Милан добив можност да заиграм и за репрезентацијата, истакна популарниот „фараон“.
Ел Шарави одигра забележителна сезона, а неговите настапи беа причина многу европски клубови да се заинтересираат за негов ангажман, но по изјавата на младиот Италијанец, извесно е дека „росо-нерите“ ќе можат да сметаат на неговите услуги и следната сезона.