Ефикасно и на двата денешни премиерлигашки натпревари

Од:

Во англиската Премиер лига на програмата е осмото коло, а на денешните два натпревара беа постигнати осум погодоци со што е задржан вчерашниот просек од четири погодоци по натпревар или вкупно 28 на седум дуели.

На првата денешна средба Ливерпул го победи Квинс Парк Ренџерс на гостински терен со 3:2, а вечерва Стоук го совлада Свонси со 2:1.

Резултати на саботните натпревари: Манчестер Сити – Тотенхем 4:1, Арсенал – Хал Сити 2:2, Барнли – Вест Хем 1:3, Кристал Палас – Челзи 1:2, Евертон – Астон Вила 3:0, Саутемптон – Сандерленд 8:0 и Њукасл – Лестер 1:0.

Последниот натпревар од оваа рунда ќе се одигра утре кога се среќаваат Вест Бромвич Албион и Манчестер Јунајтед.

Табела: Челзи 22 бодови, Манчестер Сити 17, Саутемптон 16, Вест Хем 13, Ливерпул 13, Манчестер Јунајтед 11, Арсенал 11, Свонси 11, Тотенхем 11, Стоук 11, …

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска