Ефикасен прв меч од 15.коло на Бундес лигата

Од:

Пет голови беа постигнати на воведниот натпревар од 15.коло на германската Бундес лига, во кој Хофенхајм со 3:2 го совлада Ајнтрахт.

На средбата одиграна синоќа, на „Рај Некар„ арената, домашните фудбалерите на Хофенхајм им приредија задоволство на своите симпатизери, со победата над Ајнтрахт, но пред се, со ефикасната игра.

Хофенхајм победа во финишот на првиот дел со голот на Кевин Фоланд (43-минута), но гостите во 58-минута преку Штефан Аигнер го израмнија резултатот. Адам Шалај во 65-минута одново им донесе водство на домашните фудбалери, а Харис Сехеровиќ во 77-минута по втор пат го израмни резултатот. Конечно за радост на 30-илјадната публика, се погрижи Фермињо кој на три минути пред крајот ги постави конеќните 3:2 за Хофенхајм.

Од натпреварите кои ќе се играат денеска ја издвојуваме средбата меѓу трето пласираниот Аугсбург и лидерот Баерн Минхен.

Покрај овој меч попладнево се играат и средбите: Фрајбург – Хамбургер, Херта – Борусија Дортмунд, Шалке – Келн, Вердер– Хановер и Мајнц – Штутгарт.

Утре (недела) ќе се одиграат преостанатите два натпревари, Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах и Волфсбург – Падерборн.

Табела: Баерн Минхен 36 бодови, Волфсбург 29, Аугсбург 24, Баер Леверкузен 23, Шалке 23, Борусија Менхенгладбах 23, Хофенхајм 23, Ајнтрахт 21….

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска