Дваесет и еден гол беа постигнати на петте натпревари од 1.коло во германската Бундес лига одиграни попладнево со што продолжи ефикасноста демонстрирана на првиот синоќешен дуел од новата сезона.
Резултати на денешните средби: Аугсбург – Борусија Дортмунд 0:4, Хановер – Волфсбург 2:0, Херта – Ајнтрахт Франкфурт 6:1, Хофенхајм – Нирнберг 2:2 и Баер Леверкузен – Фрајбург 3:1.
Во тек е средбата Браушвајнг – Вердер.
Вчера на „Алианц Арена“ во Минхен Баерн ја победи Борусија Менхенгладбах со 3:1.
Првото коло ќе се комплетира утре со средбите Мајнц – Штутгарт и Шалке – Хамбургер.