Едукација и забава за 200 јуниори на Sport Life

Од:

За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на Sport Life, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – Sport Life Јуниор ден.

Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во Sport Life обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од целиот свет. Покрај прошетката низ зоолошката градина и едукативниот дел,  децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина. Воедно, не изостанаа ниту подароците како капи и ранчиња за децата и бесплатни пијалаци во кафетеријата, кадешто повеќечасовниот настан заврши со заедничка дружба на родителите.

„Убавото време и крајот на школската година беа само дополнителен поттик за заедничкото дружење и за незаборавни моменти со нашите најмлади. Видовме среќни и насмеани дечиња, а видливо беше и задоволството на родителите од успешната организација на целиот настан. – истакнуваат од Sport Life.“

Атмосферата беше забележана и преку кратко видео кое може да го видите тука.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Новогодишни пакетчиња од Спорт Лајф за децата од ранливите категории и за лицата со посебни потреби

Орце Костов

Победникот на Типстер купот на „Sport Life“ ги зеде клучевите од станот

Традиционален „JUNIOR DAY” на „SPORT LIFE“

„Sport Life“ го прослави успехот на своите вработени за 2022 година

Ана Ололовска

Во Спорт Лајф стартува „До 50 шанси за 100.000 денари“

„Sport Life” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

Ана Ололовска