Расте бројот заразени со коронавирус во редовите на англискиот прволигаш Тотенхем поради што е доведено во прашање одигрувањето на утрешниот натпревар во Лондон во рамки на УЕФА Конференциската лига против француски Рен.
Засега позитивни на Ковид-19 се осум фудбалери и петмина од клупскиот персонал, а тренерот Антонио Конте во моментов на располагање има само 11 здрави фудбалери.
– Проблемот е во тоа што секој ден имаме нови луѓе со Ковид. Луѓето, кои вчера не беа позитивни, денеска се позитивни, а ние и натаму имаме контакт со луѓе за кои мислиме дека се негативни, изјави попладнево Конте.