Еден гол за три бода на Лил

Од:

Фудбалерите на Лил синоќа на гостувањето кај Каен постигнаа еден гол и ги освоија трите бода. Минималната победа на гостите им ја донесе Дивок Ориги со погодокот од пенал во 69. минута.

Поради црвен картон на Денис Апија добиен при стартот кога беше направен пеналот, Каен последните 20 минути ги одигра со фудбалер помалку.

На денешните натпревари од 2. коло играат: ПСЖ – Бастија, Ленс – Генгамп, Лориен – Ница, Мец – Нант, Рен – Евиан и Тулуз – Олимпик Лион.

Последните три дуели од оваа рунда на програмата се утре: Олимпик Марсеј – Монпеље, Сент Етиен – Ремс и Бордо – Монако.

Пред денешните натпревари Лил со 4 бода е лидер на табелата, следуваат седум екипи со по три бода.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска