Џерард: Задоволни сме од резултатот, Шкупи беше квалитетен противник

Од:

Тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, по натпреварот со Шкупи очекувано изјави дека е задоволен од пласманот на неговиот тим во второто коло од квалификациите за Лига Европа.

– Задоволни сме од резултатот и од пласманот во следното коло. Вечерва видовме две лица на Ренџерс, во еден дел доста солидни и организирани, но во првиот дел од натпреварот и во самиот финиш бевме доста лоши. Имавме и квалитетен противник против себе, но сепак најважно е дека одиме понатаму. Во иднина ќе се обидеме да играме подобро, истакна Џерард на прес-конференцијата по натпреварот.

Македонскиот клуб по поразот од 0:2 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска