Џенова го отпушти Мандорлини и го врати Јуриќ на тренерската позиција

Од:

Италијанскиот фудбалски прволигаш Џенова го отпушти тренерот Андреа Мандорлини и на негово место го врати Иван Јуриќ.

Мандорлини беше отпуштен поради четири порази по ред во Серија А, последниот од Удинезе вчера (3:0) на гостински терен, и во тој период тимот не се постигна гол.

На клупата на Џенова Мандорлини беше само два месеца, а интересно е дека него ќе го наследи Јуриќ кој исто така доби отказ.

Претседател на клубот за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев, Енрико Прециози ја призна грешката и го врати хрватскиот тренер, но не мора да се грижи за опстанок, бидејќи Џенова е на 16. место во генералниот пласман во италијанскиот шампионат со девет бодови поени од веќе загрозениот Кротоне.

Јуриќ пред Џенова ги предводеше Кротоне и Мантова.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска