Џанлука Роки ќе го суди дербито Интер-Јувентус

Од:

Италијанската фудбалска федерација го одредила Џанлука Роки за главен судија на дербито од Серија А помеѓу Интер и Јувентус, кое се игра в недела во Милано. Официјалната потврда на веста треба да дојде утре.

Роки е искусен судија од Фиренца, тој 35 пати му има судено на Јуве, а 34 пати на Интер. Трипати делел правда и на дуелите на овие два италијански ривали, последен пат пред четири сезони, но секогаш во Торино, а сега првпат ќе им суди на овие два тима во Милано.

Сезонава Роки судеше на пет меча во сите натпреварувања, покажа 22 жолти картони (просек од 4,4 по меч), никого нема исклучено, а досуди и четири пенали, што е во просек речиси еден по натпревар.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска