Двајт Хауард е нов играч на ЛА Лејкерс

Од:

Центарот на Орландо, Двајт Хауард е дел од размената на четири екипи, која го однесе во екипата на ЛА Лејкерс.

Покрај екипата од Лос Анџелес и Орландо, во размената учествуваа Денвер и Филаделфија.

Денвер го доби бекот на Филаделфија Андре Игудала, центарот на Лејкерси Ендрју Бајнам и бекот на Орландо Џејсон Ричардсон завршија во Филаделфија, додека Орландо ги доби Арон Афлало, Ал Херингтон, Никола Вучевиќ и по еден пик од првата рунда на драфтот од секоја од споменатите екипи.

Најголема работа сега имаат челните луѓе на Филаделфија, бидејќи Бајнам мора да реши дали ќе потпише тригодишен договор вреден 60 милиони долари, или ќе почека до следното лето кога ќе биде слободен агент и кога ќе може да добие петгодишен договор кој би му донел 102 милиони долари.

Во слична позиција се наоѓаат и Лејкерси но во Лос Анџелес се уверени дека Хауард ќе го продолжи договорот веднаш штом ја почувствува спортската култура во Стејплс центар.

Размената на четирите тима ќе биде официјализирана во петок, кога се очекува да започне нова ера во НБА лигата. Лејкерси автоматски стануваат еден од најголемите фаворити за титулата. „Езерџиите“ сега го имаат најдобриот тандем бек-центар, за очекување е Хауард и Коби Брајант да бидат она што на почетокот на 21-от век беа Коби и Шекил О`Нил.

Добро во целиот трејд мина и Филаделфија, иако својот најдобар играч го испрати во Денвер. Филаделфија го доби вториот најдобар центар во лигата, додека Денвер значително ја засили центарската линија. Од друга страна Орландо ќе тргне во целосна реконструкција на тимот.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски