Со двата натпревара што се закажани за вечерва ќе биде комплетирано 16.коло во Италијанското фудбалско првенство. На програмата се дуелите: Сампдорија – Удинезе (почеток 19 часот) и Болоња – Лацио (21 часот).
На натпреварите кои се одиграа во текот на викендот и по кои Интер на сметка на Наполи изби на втората позиција на табелата, постигнати следниве резултати: Интер – Наполи 2:1, Каљари – Киево 0:2, Пескара – Џенова 2:0, Сиена – Катанија 1:3, Торино – Милан 2:4, Палермо – Јувентус 0:1, Рома – Фиорентина 4:2 и Аталанта – Парма 2:1.
Табела: Јувентус 38 бодови, Интер 34, Наполи 33, Рома 29, Фиорентина 29, Лацио 29 (натпревар помалку), Милан 24,.