Јувентус славеше над Лацио со 2:0 во последниот меч од 32. коло во Серија А.
Натпреварот се играше на стадионот Олимпико во Рим.
Домашниот терен не го искористија фудбалерите на Лацио. Во 8. минута, Видал биеше прецизно од белата точка, откако старт за најстрога казна направи Цана.
Видал по втор пат го матираше Маркети во 28. минута за 0:2 што се покажа и како конечен резултат.
Со 23 победа сезонава, Јувентус запиша 74 бода, 11 повеќе од Наполи кој синоќа ремизираше со Милан 1:1.
Лацио застана на 5. место со 51 бод, исто колку што има и Рома на 6-та позиција.