Два гола на Пандев во победата на Џенова

Од:

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со двата гола постигнати синоќа е еден од најзаслужните за победата од 4:3 (по продолжение) на неговиот тим Џенова во рамките на 4. коло од Купот на Италија. Џенова ја победи Перуџа и се пласира во осминафиналето каде ќе игра против Лацио на гостински терен.

Пандев со овие голови го прекина „постот“ од една и пол сезона без постигнат гол во дресот на Џенова. Неговата екипа по првото полувреме водеше со 2:0 со головите на Џовани Симеоние во 3. минута и на Пандев во 37. минута.

Перуџа изедначи преку Роналдо Бјанки во 53. минута и Жан Дрол во 63. минута и се избори за продолжение. Пандев во 100. минута донесе водство од 3:2, а Никола Нинковиќ во 116. минута зголеми на 4:2. Конечните 4:3 ги постави Франческо Ди Нолфо во 120.минута.

Двојки за осминафиналето: Лацио – Џенова, Наполи – Специја, Фиорентина – Киево, Милан – Торино, Јувентус – Аталанта, Интер – Болоња, Сасуоло – Чезена и Рома – Сампдорија.  Натпреварите ќе се играат меѓу 11 и 18 јануари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска