Џампаоло Пацини е херојт на Милан кој попладнево со два постигнати гола во дуелот против Болоња му донесе три бодови на својот клуб за искачување на 6. позиција на табелата.
Пацини погоди во 65. и 82. минута за 2:0, а конечните 2:1 ги постави Филип Мексес со автоголот во 84.минута.
Постигнати резултати на другите натпревари од 21.коло во италијанската Серија А: Палермо – Лацио 2:2, Јувентус – Удинезе 4:0, Фиорентина – Наполи 1:1, Џенова – Катанија 0:2, Киево – Парма 1:1, Сиена – Сампдорија 1:0, Пескара – Торино 0:2, Атланта – Каљари 1:1.
Во последниот натпревар од ова коло вечерва од 20 часот и 45 минути во Рим ќе играат Рома и Интер.
Табела: Јувентус 48, Наполи 43, Лацио 43, Интер 38, Фиорентина 36, Милан 34,…