Два гола на Фалкао во победата на Монако од 4-0

Од:

Радамел Фалкао постигна два од четирите гола на Монако во победата над Лил.

На натпреварот од 7.коло во француската Лига 1, одигран синоќа во Лил, шампионот Монако забележаа убедлива победа против истоимената домашна екипа со 4-0.

Колумбискиот репрезентативец Фалкао беше стрелец на два гола и тоа во второто полувреме (47 и 73-минута од пенал), откако во првиот дел Црногорецот Стеван Јоветиќ го постигна првиот (24), а Рашид Гезал беше стрелец на вториот гол (30).

Во првата средба од ова коло, Ница извлече бод во дуелот против Анже. Гостите преку Павловиќ и Екамби имаа предност од 2-0, но Ница преку Балотели од пенал и автоголот на Траора се избори за нерешен резултат 2-2.

Денеска на програмата се пет средби, а во првата (од 17 часот) лидерот на табелата ПСЖ гостува Монпеље.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска