Душебаев во тимот на колото

Од:

Десниот бек на Вардар Алекс Душебаев уште еднаш се најде во изборот на ракометари кои ја сочинуваат најдобрата „седморка“ на колото. Тој со 9-те постигнати голови на реваншот со Киелце по четврти пат е избран како најдобар десен бек на колото во изборот што го прави EHFTV.

Најдобрите седум ракометари по позиции на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите се:

лево крило – Валур Сигурдсон (Барселона)

лев бек – Михаел Хансен (ПСЖ)

среден бек – Филип Јиха (Кил)

десен бек – Алекс Душебаев (Вардар)

десно крило – Виктор Томас (Барселона)

пикер – Ренато Сулиќ (Веспрем)

голман – Гонзало Перез де Варгас (Барселона).

Покрај Душебаев и за Хансен е ова четврта номинација, додека капитенот на Кил Филип Јиха ја имаше првата номинација. Другите четири играчи по вторпат се најдоа во „идеалниот тим“ на колото.

Голманот на Вардар Страхиња Милиќ ја имаше втората најдобра одбрана на колото, а Матјаж Брумен како број 5 е рангиран во ТОП 5 головите.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП