Дурент би можел да се врати во Голден стејт

Од:

Американскиот кошаркар Кевин Дурент, еден од најдобрите крилни кошаркари на сите времиња, беше мета на огромни критики кога во 2016 година реши да ги засили Голден стејт Вориорс од редовите на Оклахома сити Тандер.

Како ќе реагира кошаркарската јавност во САД доколку Дурент реши повторно да им се придружи на Стив Кер, Стеф Кари, Дрејмонд Грин, Клеј Томпсон и Андре Игудала?!

Токму тоа би можело да се случи, тврди популарниот американски спортски новинар Крис Брусард.
„Еден од моите доверливи извори ми испрати порака веднаш штом се појави информацијата дека Дурент побарал трејд. Таа личност ми кажа дека Дурент повеќе не сака да игра со Кајри Ирвинг и дека Дурент сака да се врати во Голден Стејт“, изјави Крис Брусард.

Дурент беше член на „воините“ од 2016 до 2019 година и во сите три сезони играше во големото финале. Вориорс двапати го освојуваа прстенот, а 33-годишникот од Вашингтон двата пати беше МВП на финалето.

„Тешко е да се поверува дека може да се врати, но има гласини. Не сум сигурен дека ќе заврши таму, да бидам искрен, но не е невозможно“, вели новинарот Брусар.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа