Дурант позитивен на коронавирус

Од:

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант, призна дека неговиот тест за коронавирус е позитивен. Според Шамс Харанија, инсајдер на „Атлетик“ во НБА, играчот немал никакви симптоми на болеста.

– Бидете внимателни, водете сметка за себе и следете ги правилата за карантин. Сите ние поминуваме низ овој предизвик, изјави Дурант.

Претходно се дозна дека уште четворица играчи на Нетс имаат позитивни тестови за коронавирус.

Триесет и едногодишниот Дурант ја пропушти оваа сезона поради повреда на ахиловата тетива.

Минатата среда, НБА ја објави суспензијата на сезоната по откривањето на коронавирусот кај центарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, резултатите на соиграчот на Гобер, Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа беа позитивни.

Би можело да ве интересира

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид