Драма, скандали и реми помеѓу Сити и Тотенхем

Од:

Тотенхем покажа убиствена ефикасност пред голот и си замина со бод од стадионот на Манчестер Сити – 2:2.

„Граѓаните“ на двапати водеа по головите на Рахим Стерлинг и Серхио Агуеро, но „петлие“ изедначија преку Ерик Ламела и Лукас Моура.

Големата драма се случи во 92-та минута кога Габриел Жезус полуде од радост, мислејќи дека го постигнал победничкиот гол.

Сепак, судијата го поништи, бидејќи еден момент претходно, Ајмерик Лапорт ја допре топката со рака. Дуелот ќе биде запаметен и поради скандалот меѓу Пеп Гвардиола и Агуеро во второто полувреме, кога беше заменет Аргентинецот.

Така, по двата одиграни натпревари, Манчестер Сити го забележа својот прв погрешен чекор, додека Тотенхем покажа дека имаат класа да им се спротистават на лидерите.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска