На двата неделни натпревара со кои беше заокружено 3. коло од Германското фудбалско првенство победи забележаа домашните екипи.
Борусија Дортмунд ја совлада Херта со 3:1 и се врати на врвот на табелата со ист број бодови како и шампионот Баерн Минхен.
На вториот вечерашен дуел Вердер Бремен – Борусија Менхенгладбах 2:1.
Претходно се одиграа другите натпревари од оваа рунда: Аугсбург – Инголштат 0:1, Дармштат – Хофенхајм 0:0, Келн – Хамбургер 2:1, Мајнц – Хановер 3:0, Штутгарт – Ајнтрахт 1:4, Волфсбург – Шалке 3:0 и Баерн Минхен – Баер Леверкузен 3:0.
Табела: Борусија Дортмунд 9 бодови, Баерн Минхен 9, Волфсбург 7, Келн 7, Мајнц 6, Баер Леверкузен 6, Инглоштад 6,…