Домашни победи за Оклахома Сити и ЛА Клиперс

Од:

На двата натпревара од НБА лигата одиграни ноќеска победи постигнаа домашните екипи Оклахома Сити и ЛА Клиперс. Воедно ова беа првите дуели по „Ол старс“ викендот, што значи дека продолжи НБА лигата.

Оклахома Сити предводена од МВП играчот на „Ол старсот“ Расел Вестбрук, кој постигна 34 поени и 10 асистенции го победи Далас со 104:89. Покрај Вестбрук, одличен настап имаше и Серхи Ибака со 21 поен и 22 скока (рекордни за него во кариерата).

ДеАндре Џордан и Џамал Крафорд со по 26 поени беа предводници во тимот на ЛА Клиперс, кој оствари триумф над Сан Антонио со 119:115.

Сите четири екипи кои играа ноќеска се наоѓаат од 5-то до 8-то место на табелата во Западната конференција: ЛА Клипрес има скор 36-19 (победи-порази), Далас 36-20, Сан Антонио 34-20, Оклахома Сити 29-25, Феникс 29-25,…

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски