Договор за македонско – украинска соработка во областа на спорот е потпишан во Киев во рамки на официјалната посета на владина делегација, соопшти денеска македонската Агенција за млади и спорт (АМС).
Договорот потпишан од директорот на АМС Наумче Мојсовски и украинскиот министер за млади и спорт Денис Минин предвидува интензивирање на билатералната соработка преку размена на искуствата и информации поврзани со приоритетите на двете страни во областа на младите, физичката култура и спортот.
Договорена е размена на експерти од областа на физичката култура и спортот, како и публикации на теми, кои се однесуваат на градење и реконструкција на спортски објекти, спортска медицина и антидопинг активности.