Џош Смит потпиша четиригодишен договор со Пистонси

Од:

Ѕвездата на Атланта Хокс, Џош Смит потпиша четиригодишен договор со Пистонси вреден 54 милиони долари.

Џош беше нашиот прв избор од слободните играчи најмногу заради неговата сестрана игра. Одлично игра на двете страни од теренот и во нападот и во одбраната, изјави претседателот на кошаркарските операции на Детроит, Џо Думарс.

27-годишниот Смит во минатата сезона за Атланта оствари просек од 17,5 поени, 8,4 скока, 4,2 асистенции, 1,8 блокади и 1,2 украдени топки по натпревар.

Целата своја кариера ја мина меѓу Хоукси, кои го избраа како 17. пик на драфтот во 2004. година.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа