Димитриевски повторно ќе го брани голот на Рајо Ваљекано во шпанската Примера

Од:

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски од следната сезона повторно ќе настапува во шпанската Примера, откако неговиот клуб Рајо Ваљекано се врати во прволигашката конкуренција совладувајќи ја во финалето на плејофот екипата на Жирона со вкупен резултат 3:2.

По поразот од 1:2 на домашен терен во првиот натпревар, мадридскиот клуб триумфираше синоќа во реваншот со 2:0 и по пауза од две сезони се врати во Ла Лига.

Рајо Ваљекано дојде во водство преку Алваро Гарсија во седмата минута, а конечниот резултат го постави Оскар Трехо во втората минута од судиското продолжение. Гостите ги одигра завршните 30 минути од натпреварот во Жирона со играч помалку поради исклучувањето на Емилијан Веласкез.

Рајо избори прволигашка промоција без услугите на Димитриевски, кој денеска повторно ќе биде стандарден на голот на македонската репрезентација на завршниот натпревар на „црвено-жолтите“ на ЕУРО2020 против Холандија.

Следната сезона во Примера ќе настапуваат и репрезентативните колеги на Димитриевски, Енис Барди (Леванте) и Александар Трајковски (Мајорка).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска