Диара потпиша за Борусија Дортмунд

Од:

Поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара кариера ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд, објави денеска германски „Билд“.

Диара, поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Арсенал и Челзи, во Борусија доаѓа како слободен играч, откако летоска го раскина договорот со Локомотив Москва.

Тимот предводен од Јирген Клоп се наоѓа во незавидна ситуација и во борбата за опстанок во Бундеслигата итно му беше потребен играч за врска пред одбранбената линија, бидејќи капитенот Себастијан Кел поради повреда ќе биде надвор од теренот еден месец.

Диара во својата кариера настапувал и за Ле Авр, Портсмут и Анжи, додека за францускиот национален тим има одиграно 28 натпревари.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска