Антонио Ди Натале со гол во 19.минута донесе победа за Удинезе со 1:0 на синоќешниот натпревар против Лацио.
По овој триумф Удинезе се изедначи со „лацијалите“ по бројот на освоени бодови, а поради подобрата гол-разлика калчолигашот од Удине е подобро пласиран на табелата.
На другиот вчерашен дуел Џенова и Аталанта одиграа нерешено 1:1.
Двојките за денешните натпревари од 33.коло во Серија А се: Интер – Парма, Наполи – Каљари, Сиена – Киево, Катанија – Палермо, Рома – Пескара, Болоња – Сампдорија, Фиорентина – Торино и Јувентус – Милан.
Табела: Јувентус 74 бодови, Наполи 63, Милан 59, Фиорентина 55, Рома 51, Удинезе 51, Лацио 51, Интер 50,…