Ди Натале го одби Милан

Од:

Најдобриот играч на италијанскиот фудбалски клуб Удинезе, капитенот Антонио Ди Натале денеска соопшти дека ја одби понудата на Милан и дека до крајот на кариерата ќе игра за Удинезе.

– На Милан му кажав „Не“. Останувам во Удинезе до крајот на животот, изјави Ди Натале за клупската телевизија.

Италијанските медиуми вчера ја пренесоа веста дека Ди Натале бил на вечера со потпретседателот на Милан Адријано Галијани на која требаше да падне договор за трансефер во Милано.
Сепак 35-годишниот играч на Удинезе не ја прифатил понудата и се заблагодарил на раководството на Милан.

Ди Натале кариерата ја запчна во Емполи, а во Удинезе е од 2004 година.

Има одиграно 42 натпревара за италијанската репрезентација и постигнато 11 голови.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска