Ди Марија прескап за ПСЖ

Од:

Претседателот на францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи рече дека Анхел ди Марија нема да биде ангажиран поради високата сума.

– Се откажуваме од извонредниот Аргентинец поради тоа што неговиот трансфер од Реал Мадрид е прескап за нас, изјави првиот оперативец на ПСЖ.

Изминатиот период се шпекулираше дека Ди Марија ќе премине во ПСЖ, а посебно тоа беше потенцирано кога во Реал пристапија Тони Крос и Џејмс Родригез.

„Кралскиот клуб“ сака да го продаде Ди Марија, најмногу поради запазување на финансискиот фер-плеј.

Како можен нов клуб на аргентинскиот репрезентативец во шпанските медиуми се спомнува Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска