Ди Франческо негираше дека упатил расистички навреди кон Коста

Од:

Фудбалерот на Сасуоло, Федерико Ди Франческо негираше категорично дека го испровоцирал Даглас Коста, упатувајќи расистички зборови на негова адреса.

Средбата меѓу тимот на Ди Франческо и Јувентус ќе биде запаметена по грдата манифестација од страна на Коста, кој го плукна својот противник во лицето. Ден по инцидентот, Бразилецот изјави дека бил навреден од Франческо на расистички основа.

Синот на тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо ја сподели својата позиција преку официјалниот Твитер профил на Сасуоло.

– Длабоко сум загрижен поради измислените тврдења кои се појавија во некои медиуми. Сето ова е навредливо и клеветнички. Нема да дозволам да ми бидат припишувани дејствија или расистички зборови, кои не се дел од моите човечки вредности и се плод на фантазија. Сакам и барам почит, се вели во пораката од крилото на Сасуоло.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска