Девојката на Лука Карабатиќ „пропеа“

Од:

Џени Прие, девојката на Лука, братот на најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ, и призна на полицијата дека се обложила на пораз на Монпеље во спорниот натпревар на француското ракометно првенство, после кој „подигна“ повеќе од 200 илјади евра.

„Џени Прие се обложила на пораз на Монпеље по наредба и со пари кои и ги дал Лука“ – изјави адвокатот Антоан Каму.

Да потсетиме, се работи за нелегално обложување кое наводно се случило во мај оваа година.

Гостувањето на Монпеље кај Сесон Рен се случило во време кога била обезбедена титулата шампион на Франција и немало поголема резултатска важност. Во исто време, во обложувалниците коефициентот за победа на Рен бил 45.

На играчите и на сите вплетени во овој скандал, им се заканува до пет години затворска казна.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски