Девет голови во Ајнтрахт, пораз на Борусија

Од:

Најефикасниот натпревар од деветтото бундеслигашко коло попладнево се одигра во Франкфурт каде Штутгарт по неколку пресврти го совлада домашниот Ајнтрахт со 5:4. Домаќините на десет минути пред крајот водеа со 4:3, а до 57.минута губеа со 1:3.

Уште еден пораз, вкупно шести забележа Борусија Дортмунд која сезонава во домашното првенство игра катастрофално, за разлика од Лигата на шампионите каде има одлични настапи.

Резултати на денешните попладневни натпревари од 9.коло на Германското фудбалско првенство: Борусија Дортмунд – Хановер 0:1, Аугсбург – Фрајбург 2:0, Хофенхајм – Падерборн 1:0, Херта – Хамбургер 3:0 и Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт 4:5.

Вечерва играат Баер Леверкузен – Шалке.

На првиот дуел синоќа во Бремен, Вердер – Келн 0:1

Колото ќе се комплетира утре со средбите Волфсбург – Мајнц и Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен.

Табела: Баерн Минхен 20 бодови, Хофенхајм 17, Борусија Менхегладбах 16, Мајнц 14, Волфсбург 14,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска