Дестани незадоволен од слабите резултати на Шкендија

Од:

Сопственикот на актуелниот шампион на Северна Македонија, Шкендија, Лазим Дестани, изрази незадоволство од нивото на настапите и слабите резултати на неговиот клуб кои бележат разочарувачки пад кој не треба да продолжи понатаму.

Дестани во соопштението до јавноста истакнува дека во последните настапи не ја гледаме таа Шкендија која сме навикнале да ја гледаме последниве години, односно наместо екипата да напредува со своите успеси, се случи спротивното.

Елиминацијата од европските натпреварување и лошиот старт на сезоната во домашната лига, е причина поради која сопственикот на тетовскиот клуб да формира стручна работна група со цел разгледување на состојбата во клубот за да се утврдат сите движења и промени кои треба да се направат во сите сектори на клубот.

Дестани очекува за неколку дена оваа стручна работна група да ја заокружи работата, како што рече, со цел ФК Шкендија да се врати во својата најдобра форма за да ја продолжи трката во домашното првенство, така како што сакаат да го гледаат и како заслужуваат сите навивачи и љубители на клубот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска