Дешан потврди дека Менди оди во Реал Мадрид

Од:

Селекторот на светскиот шампион Франција, Дидие Дешан, го најави трансферот на Ферланд Менди во Реал Мадрид.

– Менди има офанзивни способности и се гледа неговиот голем напредок. Само пред две години играше во Лига 2, а сега оди во Реал Мадрид. Ги користи двете нозе. Тој отсекогаш бил многу ефикасен кога играл за Франција, изјави Дешан на денешната прес-конференција.

Дефанзивецот на Лион ќе ги чини „белите“ 48 милиони евра плус бонуси. Пред неколку дена, шпанските медиуми објавија дека играчот не успеал да ги помине медицинските тестови и дека неговиот трансфер бил неуспешен.

– Дали трансфер прозорецот пречи на перформансите на одреден играч со националниот дрес? Можно е, кога се случуваат непредвидени работи, како што се случи со Менди, да се појави Реал, рече Дешан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска