Дешан: Не бевме совршени, но ова е задоволително

Од:

Во финалните подготовки за Светското првенство во Русија еден од главните фаворити за трофејот репрезентацијата на Франција ја победи Италија со 3:1, а францускиот селектор Дидие Дешан не го криеше задоволството од успехот.

– Не очекува последната фаза од подготовките. Ќе имаме два дена слободни, но мора да го задржиме ова ниво на амбиција и ентузијазам. Не одработивме се перфектно, но засега е задоволително, изјави Дешан.

Францускиот селектор ги истакна и слабостите во играта на неговиот тим.

– Многу повеќе шанси создадовме во второто полувреме. Мораме од почетокот да бидеме такви. Имаме способност брзо да создадеме шанса за гол, но мораме да бидеме ефективни и тој сегмент треба да се подобри што е можно побрзо. Но, сепак најважно е дека играчите покажаа соодветно ниво на подготвеност на натпреварот, нагласи Дешан.

Франција првиот натпревар на Светското првенство го игра на 16 јуни против Австралија, а во групата со неа се и Данска и Перу.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он